„Оскарите“ се поделени, наградите „Еми“ се поделени, а сега конечно стигнаа вести и за номинираните за престижната награда „Златен глобус“ која им оддава признание на најдобрите во светот на филмот и телевизијата.

Помеѓу сериите што освоија најмногу номинации се истакнува серијата „Фарго“, снимена според филмот на браќата Коен, која е апсолутен хит во светот, како и серијата„Транспарентно“ која се занимава со темата на транссексуалноста. Серијата „Фарго“ е номинирана во категоријата за најдобра мини-серија или филм, а серијата„Транспарентно“ во категоријата за најдобра серија или комедија.

FOTO1_Fargo1

И двете серии може да се гледаат на интернет телевизијата Pickbox која во чекор ја следи холивудската продукција и на која сериите може да се гледаат многу порано отколку на која било друга телевизија во регионот.

Во категоријата комедии е номиниран Џефри Тамбор кој имаше тешка улога на преобразба во жена во серијата „Транспарентно“, а за најдобра актерка во споредна улога е номинирана Џудит Лајт која во истата серија се појавува во улога на отуѓена мајка.

За улогата во „Фарго“ како најдобар актер е номиниран Патрик Вилсон, а за улога во истата серија номинација доби и Кирстен Данст. Кирстен за наградата се бори во друштво на ексцентричната пејачка Лејди Гага чија глума доби признание за „Американски хорор“ и Квин Латифа која во серијата „Беси“ ја играше блуз пејачката Беси Смит.

Pickbox веќе знае кои се најдобрите актери!

Актерот и комичар Боб Оденкирк кого на Pickbox го гледаме во „Лоши навики“ е номиниран за најдобар актер во драмската серија „Подобро јавете му се на Сол“, а Робин Рајт која ја гледаме како сопруга на Кевин Спејси во „Куќа од карти“, номинирана е за најдобра актерка во категоријата драмска серија.

Конкуренцијата годинава е интересна и разновидна, а наградените ќе ги дознаеме дури на 10.1.2016 година

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМалечки светови од картон, дрво и памук
Следна објаваНова година – празник во домот (1.дел)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ