0001

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, најдобар начин да ја оживеете славеничката атмосфера е да заборавите на се’ што е лошо, а да се фокусирате на она што е навистина важно, создавајќи минијатурен фестивал на радоста во домот. За таа намена, ви претставуваме повеќе инспиративни празнични идеи за украсување на домот, кои во екот на декември ги предложи американскиот бренд Crate & Barrel. Дневниот престој и празничната трпеза претставуваат средиште на случувањата, па се најпригодните места за поставување на декоративните детали и украси, претворајќи ги во комфорен и пријатен простор за споделување на убавите мигови со најблиските. Без оглед на тоа дали ќе се одлучите за топол празничен камин, чорапчиња за подароци, интересно накитена новогодишна елка, шарени сијалички и свеќи или креативни пораки на еден од ѕидовите, ќе создадете пријатна атмосфера подготвена за пречекување на гостите. Во продолжение, погледнете дел од прекрасните предлози – секој од нив зрачи со среќа, оптимизам и  љубов за испраќање на старата, и дочек на новата година во домот. Инспирирајте се и одберете ја омилената тема за внесување на новогодишната магија и во вашиот животен простор.

0002

0003

0004

0005

0006

0007

0008

0009

0010

0011

0012

0013

0014

0015

0016

0017

0018

0019

0020

0021

0022

0023

0024

0025

0026

0027

0028

0029

0030

0031

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСериите „Фарго“ и „Транспарентно“ на Pickbox во трка за „Златен глобус“
Следна објаваНова година – празник во домот (2.дел)
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ