По моделот „Lykan Hypersport“, либанскиот производител на луксузни „супер-автомобили“ W Motors, го претставија „Fenyr Supersport“ кој со своите перформанси, изглед и цена ја продолжи традицијата која му беше наметната од претходникот.
Овој пат, цената е поприфатлива, од 1.85 милиони долари, а во серијата ќе бидат изработени 25 примероци.
Тежок 1 300 килограми, овој ѕвер постигнува брзина за 2. 7 секунди до 402 километри на час.
Агресивната екстериерна естетика продолжува и со овој модел, додека е унапредена со напредни решенија во аеродинамиката.
Како Ви се допаѓа овој убавец?