Во хотелот Kameha Grand Zürich е отворен уметнички апартман наречен space suite”. Гостите имаат можност да го почувствуваат вонземското искуство, заронети, како да се наоѓаат на месечината. Германскиот авантурист, уметник и иден астронаут Michael Najjar, потполно го трансформирал дизајнот на еден апартман од хотелот, претворајќи го во виртуелна вселенска станица. Sидовите, подот и внатрешноста, полни се со космички мотиви од вселенски телескоп Hubble; расветата која свети во дневниот простор потестува на ракетен мотор; додека романите, филмовите и аудио изданијата за вселенските патувања ја исполнуваат целата читална.

Кога влегувате во апартманот, автоматски, еротски женски глас ги поздравува “членовите на посадата” читајќи ги упатствата за користење на собите. Тепихот е вселенски, се темели на неколку високо резолуцијски датотеки од свемирскиот телескоп Hubble, и се протега по целата должина на апартманот, каде го апстрахира просторот како бел, а sвездите како црни.

Прозорот е заменет со рефлектирачка површина како огледало, кое со физичка симулација ја изобличува стварноста. Рефлекторите инспирирани од ракетните мотори, го прават просторот поголем, а ракавиците кои излагаат од sидовите им служат на гостите за да ги закачат своите мобилни или клуч-картици. Спалната соба е обвиткана со попупроsирна фолија, која го блокира погледот надвор, но овозможува влегувуње  на светлина. Црн, правоаголен кревет се гледа од sидот и го имитира монолитот од филмот “2001- Одисеја во свемирот”, и замислен така да изгледа како да лебди во свемирот.

artist-michael-najjar-space-suite-at-kameha-grand-zurich-designboom-01 artist-michael-najjar-space-suite-at-kameha-grand-zurich-designboom-02 artist-michael-najjar-space-suite-at-kameha-grand-zurich-designboom-03 artist-michael-najjar-space-suite-at-kameha-grand-zurich-designboom-04 artist-michael-najjar-space-suite-at-kameha-grand-zurich-designboom-07

artist-michael-najjar-space-suite-at-kameha-grand-zurich-designboom-06

artist-michael-najjar-space-suite-at-kameha-grand-zurich-designboom-05

artist-michael-najjar-space-suite-at-kameha-grand-zurich-designboom-08

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваPalazzo Di Amore | Најскапата вила во Америка
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар Скопје од 23.11. до 29.11.2015
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ