.3.
Многупати одново сум се родил, од длабочините
на поразените ѕвезди, оновувајќи ги нишките
на оние вечности што сум ги населил со своите раце,
и сега ќе умрам, ништо повеќе, со земјата
врз моето тело, определено да биде земја.

Не сум го купил парчето небо што го продаваа
свештениците, ниту сум ги прифатил темнините
што ги произведуваше метафизичарот
за безгрижните големци.

Сакам во смртта да бидам со сиромасите
што немале време да ја проучуваат
додека биле тепани од оние
што го поделиле и го уредиле небото.

Ја имам својата смрт спремна, како облека
што ме чека, во боја што ми се допаѓа,
по мерка што напразно сум ја барал,
со длабочина каква ми е потребна.

Кога љубовта ја потрошува својата јасна содржина,
а борбата ги здробува своите чекани
во други раце со насобрана сила,
доаѓа смртта да ги избрише знаците.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасните фотографии на İlhan Eroğlu
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (28.03 – 03.04)
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР