Почнавте ли да се спремате за Halloween забавата, и сакате сите другите да ги оставите без здив? Костимите инспирирани од зомби, суперхерои, вештерки, ќе се гледаат на сите страни. Ние сме импресионирани кога некој малку повеќе се потудил и одбрал на пример, специфична вештерка од големиот екран или од некој култен филм – ако веќе ја замислувате Morticijа Addams или Angelinа Jolie kако Maleficent на прво место!
Во продолжение ви нудиме како инспирација – топ 5 култни вештерки на сите времиња!
1. Angelinа Jolie во MALEFICENT
Што ви треба – пар црни рогови, темно црвен кармин, црно чокер ланче и долга црна пелерина.

2. NANCY DOWN од филмот The Craft
Што ви треба – поголема кожна јакна или PVC jакна, микро мини сукња,тесна бела кошула и обетки со крст.

3. ALEXANDRA MEDFORD од филмот Вештерките од Иствуд
Што ви треба – црна перика со локни, тесен црн фустан и црни монистри од глава до пети.

4. SAMANTHA STEPHENS од филмот “BEWITCHED”
Што ви треба – Метла, класичен вештерски шешир и фустан на преклоп во стилот на 60 тите.

5. MORTICIA ADDAMS од фамилија Адамс
Што ви треба – тесен црн фустан, порцулански тен и долга црна рамна коса. 




![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)









