Ви ги презентираме местата кои мора да ги посетите ако патувате во Шкотска. Со својата живописна природа Шкотска е земја на контрасти, почнувајќи од необичните карпи, непристапни предели, остри планински врвови и кристално сината морска вода. Богатата традиција и прекраснита стари дворци на оваа убава земја секојдневно привлекуваат огромен број на туристи и посетители ширум светот. Следниве неколку локации едноставно мора да ги посетите ако патувате во Шкотска.
1.Village Garenin
Селото Гаренин е мало селче кое брои десетина стари традиционални куќички кои штосе обновени и во кои престојуваат туристите и посетителите. Тие можат да го почувствуваат автентичниот шкотски дух во овој прекрасен предел. Се смета дека ова село е едно од најубавите и најдобро сочувани места на Британскиот Полуостров.
2. The Old man of Hoy
Во Оркнискиот архипелаг до морето се издигнува величенствена карпа од 140 метри. Позната е под името “Old man” и претставува вистинска атракција. Оваа знаменитост претставува вистински предизвик за љубителите на алпинизмот кои сакаат ваквов вид на предизвици. Првиот (BASE JUMP), најекстремната падобранска дисциплина е изведена токму тука во 2008 година од страна на Roger Holmes и Tim Emmet.
3. Luskentyre, Harris Island
Плажата Luskentyre се наоѓа во западниот дел од островот и едно од најубавите места на светот. Водата е е кристално сина, а плажатае со ситен песок. Посетителите можат да уживаат покрај во живописниот пејсаж и во многу други авантуристички активности како что се нуркање, кајакарење, рибилов, капење и други активности.
4. Fingal Cave
Fingal Cave е мистериозна пештера лоцирана во резерватот STAFFA. Структурата на оваа пештера е сосема необична, се состои од хексагонални споени базалтни столбови кои настанале од вуланската лава. Стаоседелците во Шкотска ја нарекуваат и мелодична карпа поради ехото од морските бранови кои се слушаат во неа. Овие звуци ви создаваат чувство како да престојувате во катедрала. Пештерата била инспирација на голем број на уметници, писатели и композитори како на пример; August Strinberg, Felix Mendelssohn и Pink Floyd.
Драги наши читатели, можеби ви дадоме идеја за вашата следна дестинација! :)