Уметноста
— е човечка активност, производ на таа активност или идеја за истата, поврзана со сетилата, со емоциите и со интелектот. Може да се рече дека уметноста му е својствена на човекот, со што тој се разликува во рамки на природата, и се издвојува од останатите живи битија.

Во Европа, од крајот на 18 век, овој поим главно се однесува на производите на таканаречените „убави уметности“, како на пример скулптурата, сликарството, архитектурата, графиката, но исто така и музиката, танцот, поезијата, и литератутара.  Подоцна на тоа, меѓу другото, се додават и кујната, кинматографијата, театарот, фотографијата, стрипот, телевизијата, односно, дигиталната уметност. Класификацијата на уметностите не е универзална и да се бара единствена класификација, се чини невозможно.

Оваа концепција на уметноста како автономна активност, како продукт на предмети од страна на уметници кои се во потрага по убавото, согласно судот на вкусот, датира од периодот меѓу 18 и 19 век. Но честопати се смета дека модрената и современата уметност, го напуштиле поимот на убавото и на безвременскиот стил за да ги прифатат принципите на трансгресијата.

Наједноставната дефиниција за поимот уметност е дека таа е творештво на човекот. Иако денес под поимот уметност најчесто обично се подразбира визуелна уметност, концептот за тоа што е уметност постојано ќе се менува низ вековите. Можеби најконцизна дефиниција е најопштата – дека поимот уметност се однесува на сите креативни и творечки дејствија на човекот, со исклучок на дејствата директно поврзани за опстанокот и репродукцијата. Од поширока перспектива, уметност е едноставно изведен поим за било кој производ на креативен импулс, од кој произлегле сите други човечки активност, како науката преку алхемијата и религијата преку шаманизмот.

Во прилог на старите форми на уметничкото изразување како модата и гастрономијата, нови начини на изразување кои се сметаат за уметност се видеото, компјутерската уметност, перформансите, рекламата, анимацијата, телевизијата и видео игрите.

Создавањето на Адам (1508-1512), Микеланџело,Сикстинска Капела (Ватикан)

 

La_creación_de_Adán

Ника од Самотрака

0001-001-Skulptura-ANTICHNOSTI

Mодерен Балет 

KramerSteinDUETS

Инсталација

tumblr_m2jfdsN4991qke845o1_1280

Мода

animal-print3

Видео игри

Yordie-Sands-Dance-Partner-@-Junkyard-Blues-Second-Life-2012

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Immortus”-првиот спортски автомобил кој се движи на соларна енергија
Следна објаваСкандинавски дневни соби
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ