immortus-solar-electric-car_100522131_m

“IMMORTUS” е првиот дизајниран спортски автомобил кој што се движи на сончева енергија. Тој е  изум на стартап компанијата за производство на електрични возила”EVX” која работи на дизајнот на ова возило заедно со истражувачите од Универзитетот во Мелбурн,Австралија. Способноста на ова возило да се движи на сончева енергија и исто времено да ја складира истата му овозможува практично да се движи нонстоп. Тоа функционира како обично електонско возило  и поседува соларни панели на својот покрив што му овозможува да биде во движење се додека има сончева светлина. Според спецификациите “IMMORTUS” достигнува до 100км на час за помалку од 7 секунди. Треба да се напомене дека возилото сега за сега е само концепт па и овие спецификации се само теоретски. Креаторите на возилото забрзано работат на оваа технологија за да може да се почне да се произведува истото и да се пушти во употреба. Специјално изработен модел на “IMMORTUS” за прв пат ќе биде претставен на изложбата “SEMA 2015″која ќе се одржи во ноември во Лас Вегас. Инаку што се пднесува до цената еден ваков автомобил ќе чини 370.000$, а ќе бидат произведени само 100 вакви автомобили за почеток
immortus-solar-electric-car_00010-728x466
immortus2

immortus-solar-electric-car_00011-728x562

НЕМА КОМЕНТАРИ