Данскиот фотограф Микел Јул Хвилшој кој живее во Копенхаген, добил многу интересна задача од страна на креативната  директорка на компанијата Liquidminds, Олга Бастиан. Задачате е да осмисли маркетинг идеја, како елегантно, луксузно и интригантно да промовира производ за компанијата Ева Соло, која произведува апарати за во кујната.
Идејата, која подоцна се разви во серија на фотографии беше, да се создаде наједноставен можен начин на готвење без користење на зборови и со ексклузивна презентација на храна. Идејата се реализираше многу успешно, како и промоцијата на тенџериња и тави која донесе исклучителни резултати.
Елегантниот и едноставен приказ на едноставните оброци е многу интересен и како идеја би можел наскоро да се трансформира во печатена публикација. За нас, кои сме со повеќе практичен дух, ова ќе биде идеален начин да се научиме на едноставно готвење.
porridge-880 bouillabaisse-880 (1) egg-880 (1) ratatouille-880 pasta-880

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDolce & Gabanna, Maiolica колекција 2015
Следна објаваФото на денот | Село во боите на виножитото
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ