Овен – Во деловните кругови умеете често вие да го водите главниот збор и очекувате од другите да ви ги следат вашите идеи. Брза процена на најдобрите можности и способноста за добра организација ќе ви донесе успех. Вешто умеете да се наметнете пред соработниците и секогаш ги потенцирате современите решенија и професионалното усовршување. Уживајте во емотивните контакти и средби кои ви предстојат. Многу работи ви стануваат остварливи, дури тогаш кога чувствата  ќе си споделите со блиската личност. Чувствувате голем емотивен занес и не го криете своето воодушевување, ви годи љубовта која ја добивата од саканата личност.

Бик – Понекогаш не е лесно да се исполнат замислените цели кои сте си ги поставиле сами на себеси, но вие никако и не одстапувате лесно пред пречките. Изгледате малку вознемирено поради нечија критика и се обидувате да ги изнесете основните услови во вашето деловно опкружување. Важно е правилно да се организирате, употребете ја успешната формула и не дозволувајте друг да ве претрка во вашите идеи кои ги имате. Се наоѓате во ситуација на некое недоразбирање и негодување на емотивен план.  Помеѓу вас и саканата личност има некои искри на напнатост и ви предлагаме да го отворите емотивниот дијалог и хармоничната врска. Доколку сте млади и слободни, некој кој се интересира за вас и не го проценувајте погрешно бидејќи пред вас е личност со високи емотивни потреби.

Девица – новите случувања треба да ги проценувате од различни аспекти на важност. Така правилно ќе ги видите сите можности и ограничувања кои владеат на деловната сцена. Колегите на разни начини ги коментираат вашите вашите деловни идеи, па поради тоа размислете за некаква сугестија од друг и помош од нечие влијание. Тоа многу ќе ви помогне. Ви недостига топла емотивна фаза, така ги преувеличувате вашите потреби и наоѓате замерки. Немате причина за тоа. Направете некој гест на внимание кон партнерот во прилог на заедничката среќа.

Близнаци – Исклучително сте вешти да ги одберете ситуациите во кои на најдобар начин ги покажувате своите професионални способности. Се наоѓате во фаза на креативен чекот, така што делувате оригинално и снаодливо во вашата професионална средина. Сепак одвреме навреме треба да прифатите и компромис. Сакате да доминирате на јавна сцена или во однос со блиската ваша средина, но и тоа има свои добри и лоши страни. Во однос со сакана личност, мора да постои искреност инаку се може да избледи. Потребно е да го почувствувате заедничкиот импулс кој емотивно ве зближува и дополнува на различни начини.

Рак – Добро одмерете ги своите цели и својата улога која ја имате. Потребно е внимателно да ги анализирате своите соработници, како правилно би ги разбрале нивните работни мотиви и интереси. Внимателно со однесувањето пред пословните партнери, без ароганција, не им давајте повод за различни коментари. Полни сте со креативна енергија и успешно ги решавате комлицираните ситуации. Со саканата личност различно размислувате но тоа нема да ви пречи да го имате заедничкото задоволство. Додека има љубов ќе имљ и мљгија. Во љубовта ви е инспиративно и забавно.

Лав – Возможно е нови случувања додатно да ви го комплицираат вашиот пословен статус. Некој од соработниците се обидува да ви ги ограничи вашите можности и така да ве донесе во непријатна ситуација. Не дозволувајте да ве испровоцираат на деловно-финансиски ризик. Бидете доволно воздржан и ефикасен во секој поглед. Во љубовта, партнерот се обидува да ви ги наметне своите идеи и правила на однесување.

Девица – новите случувања треба да ги проценувате од различни аспекти на важност. Така правилно ќе ги видите сите можности и ограничувања кои владеат на деловната сцена. Колегите на разни начини ги коментираат вашите деловни идеи, па поради тоа размислете за некаква сугестија од страна и помош од пријателско влијание. Тоа многу ќе ви помогне. Ви недостасува топла емотивна фаза и поради тоа на се наоѓате замерки. Немате причина за тоа. Направете некој гест на внимание кон партнерот во прилог на заедничката среќа.

Вага – Треба да обрнете внимание на сите корисни совети, некој ве води кон добро решение и ви дава потпора за вашата ангажираност на разни страни. Успехот, невозможно е да го остварите без дополнителни и прецизни информации и детални припреми. Почитувајте го основниот протокол. Добро сте расположени и задоволни со саканата личност и го предчувствувате врвот на вашата среќа.

Шкорпија – Се наоѓате во креативна фаза на вашите можности, постојано смислувате нови идеи и ја потикнувате вашата околина на додатна активност. Сакате да ги решите прашањата кои ќе ви обезбедат долготрајна соработка или некаков паричен добиток. Потребни ви се големи овластувања за да процените добра прилика и вистински вредности. Не можете да го испланирате секој детаљ со саканата личност, примате критики, но вие сепак покажете и дека ви е важно до заедничката среќа и меѓусебна доверба. Понекогаш и малите работи носат големо задоволство ако правилно ги вреднувате и делите со саканата личност.

Стрелец – Користејќи ги сите предности со кои располагате се обидувате да создадете подобри услови и деловни интереси. Без разлика на вашите практични способности, не можете секогаш различните интереси да ги исполните за туѓите очекувања. Потребно е да формирате нов критериум, соработниците понекогаш имаат голема улога во решавањето на феловните дилеми. Некој ви дава добар пример. Повторно испитајте го односот со една блиска личност. Делувате вознемирено, летаргично сте расположени и претерувате во изразувањето на чувствата и потребите. Реагирате имплусивно кон саканата личност, немате причина да го комплицирате својот љубовен однос.

Јарец – Кога постои проблем од различни влијанија и мислења не е лесно да се најде заеднички интерес, превземате ризик и одговорност пред колегите. Потрено е да превземете нов модел на успешна соработка. Не можете се, да држите под своја контрола и не се докажувајте на погрешните страни. Забележувате различни детали во љубовниот однос и смислено ги затварате очите пред работите кои не ви се допаѓаат, но тоа е само привремено решение. Партнерот има свои приоритети, а вие тоа не го трпите како и неговите емотивните хирови.

Водолија – Делувате загрижено поради новите информации на деловната сцена и не сакате да се помирите со просечните резултати. Користете различни деловни стратегии, но постојат проблеми кои ве успоруваат. Некој од соработниците избегнуваат да си ги завршат своите обврски и тоа ви создава дополнителни проблеми. Имате променливо емотивно однесување со партнерот и тоа ве оптеретува. Немојте да и замерите на саканата личност поради неисполнети ветувања. Покажете поголема нота на самокритичност, емотивното недоразбирање е од двете страни.

Риби – Благодарејќи на новите информации кои доаѓаат до вас, сакате да ги искористите сите можности за успешно делување, но замерките кои им ги испраќате на вашите соработници не го носат секогаш посакуваниот ефект. Чувствувате психиолошки притисок, работите да добијат права насока и значење. Прифатете ги обврските кои се во заеднички интерес. Некој ве инспирира на активна улога во емотивната врска. Ќе го промените љубовниот живот и ќе доживеете незаборавни моменти. Не дозволувајте да ви недостасува романтичност и нежност во друштво со саканата личност.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовото заштитно лице на Кавали, аренби пејачката Кјара
Следна објаваЕјми ја нема – Џилијан Флин
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР