Кабуки е вид на традиционален јапонски театар во облик на играна драма. Зборот кабуки на јапонски значи (игра, песна, танц). Настанал кон крајот на 16 век и почетокот на 17 век. Ги отсликува тогашните политички, друштвени и историски прилики во Јапонија, но и моралните конфликти во љубовните односи. Наспроти постарите уметнички облици како што е (NOH), театарот, кои биле резервирани за тогашната аристократија, кабуки бил популарен за посиромашната популација по градовите. Во 2008 година, Кабуки театарот е прогласен за културно наследство од страна на УНЕСКО.
Во почетокот на 17 век, Izumo no Okuni, жена-свештеничка прва започнала да изведува танцови игри во храмот Izumo-Taisha. Кога во 1603 година Tokugawa Jeuasi, ја добил титулата шогун, со тоа започнува воено-централистичка состојба во Јапан. Уметниците во тоа време ја користат таа прилика за развој на уметноста. Во театрите се развива кабуки и бунраку драмата, а во сликарството се развива UKIYO(дрворез во боја). Кога во 1868 год, кога Јапан се отворил за светот, уметниците настојувале да го приближат кабуки театарот и на погорните слоеви во општеството.
Денеска Кабуки е најпопуларниот облик на традиционална јапонска драма. Најпрвин во овој театар глумеле само жени, но со време почнале да играат и мажи. Глумците кои се специјализирале за женски улоги се нарекуваат ONNAGATA. Останатите глумци се нарекуваат ARAGOTO i WAGOTO. Тие го користат традиционалниот јапонски јазик, при тоа говорат со монотон глас, пропратени со традиционални јапонски инструменти. Спецификата на овој вид театар се состои во музиката, костумите, и театарските помагала, како и начинот на глумата на глумците изведувачи. Посебниот вид шмика се нарекува KESHY, го дава препознатливиот стил на овој театар. Така настанал и изразот (KABUKIMONO), кој се користи за некој кој се облекува специфични и бизарно!!