Ви претставуваме совршено испланиран и уреден мини ентериер, кој иако е со површина од само 24 метри квадратни, содржи толку многу елементи што е реткост дури за двојно поголеми простори. Во што е тајната? Генијалниот распоред, флексибилниот дизајн на мебелот, скалите кои се извлекуваат на лизгање и вештото искористување на погодната висина се покажуваат како добитна формула, како и бројните решенија за складирање и заштеда на простор. На тој начин, овој мал и компактен ентериер има дневен престој, кујна и трпезарија, мини канцеларија и бања, плус комфорна спална соба која е извишена на второто ниво. Доминира белата боја, која е секогаш добар избор за простори со скромни димензии, во тандем со топлите дрвени допири и многу сончева светлина. Парчињата мебел се практични и повеќенаменски, откривајќи многу изненадувања и погодности во текот на деноноќието. Погледнете и инспирирајте се од идеите кои ги нуди овој минијатурен, но рационално искористен ентериер.