Поставувањето на базен во вашиот двор дефинитивно претставува вистински избор за релаксација, уживање и многубројни дружења со семејството и пријателите во топлите летни денови.  Изборот на базен пред сè зависи од просторот кој го имате на располагање во дворот, како и од финансиските средства потребни за изградба и одржување. За таа цел во продолжение информирајте се за сите елементи кои треба да ги имате во предвид пред да донесете одлука:

mark konket 1

Монтажен кружен базен 4,57м*1,22м

Доколку располагате со помал буџет за поставување на базен во вашиот двор, одличен избор претставува овој монтажен кружен базен со комплетна опрема за кој не се потребни никакви дополнителни градежни активности. Овој базен е лесно пренослив и според вашите желби можете да го поставите на локацијата која што ви одговара во моментот. Цената можете да ја видите тука и без разлика што има помали димензии уживањето е потполно еднакво како при користење на поголем базен.mark konket 2

Бетонски базен со димензии 8м*4м*1,5м

Овој тип на базен претставува долгорочна инвестиција во омиленото катче за релаксација и уживање во вашиот двор, доколку располагате со поголем буџет. Цената за изградба на комплетно опремен базен со 10% попуст можете да ја дознаете тука и истата вклучува систем за филтрација, базенско осветлување, иноксни скалила, хидроизолација и мозаик плочки. Градежните активности како ископувањето, шалирањето, армирањето и бетонирањето би ве чинеле уште околу дополнителни 5000 евра. Доколку имате дополнителни прашања околу изградбата на базен во вашиот двор контактирајте го продавачот тука.

mark konket 3

Чистење и одржување на базенот

Постојаното чистење и одржување на базенот исто така претставува елемент кој повлекува дополнителни трошоци и кој треба да го земете во предвид пред да донесете одлука. Одржувањето на правилна pH вредност на водата во базенот може да се направи со редовна употреба на средства за одржување на pH вредноста како овие или пак со употреба на мултифункционални хлорни таблети кои дополнително го регулираат и нивото на хлор во водата. За полесно одржување на базенот во текот на целата година можете да набавите и комплет сет на базенски акцесоари.

mark konket 4

Опремување на просторот околу базенот

За комплетна летна оаза во вашиот двор, уредете го и просторот околу базенот. Во зависност од големината на вашите средства, можете да се решите за поставување на летниковец веднаш до базенот опремен со гарнитура за во двор. Исто така не заборавајте да поставите соодветно осветлување. Страничните фенери даваат одлична романтична атмосфера со пријатна светлина и можат да се постават на тремот или пак на околните ѕидови на куќата. Доколку имате поголем буџет на располагање, максимизирајте го уживањето преку поставување на џакузи веднаш до базенот.

mark konket 5

Доколку планирате да ја искористите оваа пролет за комплетно расчистување, подновување и освежување на вашиот дом и градина, најдете се што ви е потребно и голем број на производи на попуст тука.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКапри-вистинската дестинација за оваа лето
Следна објаваЗа машките – одлична понуда од шведскиот бренд H&M
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ