20150511picasso_promo1_0
Во понеденикот на 12ти мај, беше одржана аукција на познати уметнички дела од светски познати автори. Аукцијата беше одржана во светски познатата аукциска куќа “Christies”, а беше насловена под името”Looking Forward to The Past”. Беа поставени на продажба вредни уметнички дела од времето на Импесионизмот и современата модерна уметност. Познатото дело на Пабло Пикасо (“Le Femmes D`Alger”) (Version `O`) (Oil on Canvas,44 7/8×55 5/8in(114×146,4cm), сруши сите претходни рекорди во продажба и се продаде за неверојатни 179.365.000$ или 160.276.188Е. Претходниот рекорд како најскапо продадена уметничка слика бил во 2013 во истата аукциска куќа. Станува збор за познатото дело на Francis Bacon (“Three Studies of Lucian Freud”). Кога станува збор за вредните дела на Пикасо, во”Christies”, последен пат била продадена слика од познатиот автор во 1997год, која била проценета на 12 милиони долари, а била продадена за 31,9 милиони долари. Потоа во мај 2013, повторно биле продадени три познати дела на Пикасо за неверојатни 106.482.496$. Станува збор за делата (“Nude”,”Green Leaves”i Bust”). Од 35 познати дела кои беа понудени на оваа аукција,две беа продадени за 100.000.000$, три за 50.000.000$, девет дела беа продадени за 20.000.000$,  дванаест дела за 10.000.000$, а останатите беа продадени за 1.000.000$. Беа потребни само единаесет минути да се продаде познатото дело на Пикасо, од страна на анонимен купувач на телефон, кој понуди највисока цена и сликата беше продадена. Меѓу другите познати дела кои беа поставени на аукциската продажба се; (“Paris Polka”by Jean Dubuffet”, 1961, “Untitled”by Jean Michel Basquiat, 1982, “Bluewald”by Candy Noland, “L`empire Des Lumieres”by Rene Magritte,”Swamped”by Peter Doig”). Погледнетe кako изгледаше тоа!

НЕМА КОМЕНТАРИ