1a

Постојат мноштво стилови кои можете да ги следите кога е дизајнот на спалната соба во прашање. Многумина го сакаат традиционалниот или романтичниот стил на уредување, со раскошен мебел и украси во зоната за одмор и релаксација. Сепак, вистинскиот предизвик е да добиете едноставен и модерен простор за спиење, избегнувајќи ја безличноста како конечен резултат. Ви претставуваваме преглед на неколку модерни спални соби кои се одлични примери за таа намена. Доколку посакувате едноставен изглед, размислете за примената на дрво со груба структра, бидејќи дрвенестите допири ќе внесат топлина и мирен природен тон во спалната соба. За љубителите на минимализмот, пак, изборот на ситни детали и сувенири е убав начин да внесат живот и индивидуалност во оваа просторија. Користете мебел со различна финална обработка и интересни прекривки со графички дезен, а не заборавајте и гордо да ги истакнете книгите на полиците. Употребата на ѕидни декорации, тапети и уметнички слики ќе им даде подобра визуелност и намали чувството на празнина во поголемите простори, додека интересниот дизајн на килимот ќе внесе текстура и разигра дури и најобичната соба. Разгледајте ги прекрасните спални соби во продолжение и одберете ја омилената тема за вашиот дом. За повеќе инспиративни идеи, погледнете ги и првиот дел и вториот дел од серијата објави посветени на модерни спални соби.

1b

2

3

4

5

6a

6b

7

8

9

10

11a

11b

12a

12b

13a

13b

14

15a

15b

16a

16b

17

18

19

20

21a

21b

22a

22b

22c

23

24

25

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто би купиле принцезите на Дизни за 2015 година
Следна објаваСветол и елегантен дом
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ