Спалната соба е најинтимната просторија во домот. Во неа започнува и завршува денот на секој од нас, па од особена важност е катчето за одмор и релаксација да биде средено и декорирано по сопствена волја. Ентериерот во голема мера влијае на расположението, а амбиентот во спалната соба е првото нешто што го гледаме по отворањето на очите, но и последната слика со која заминуваме на спиење. Може да се искористи и како втора соба во домот, за читање списанија или добра книга, гледање телевизија, па дури и извршување на дел од работните обврски или уживање во мирниот појадок. За да не изгледа монотоно, постојат грст ситни декорации, прекривки, ѕидни украси, сувенири и тематски детали со кои може да се освежи и внесе посебна атмосфера во спалната соба. Доколку сте во потрага по убави идеи за таа намена, ви претставуваме низа креативни начини за уредување на спалната соба во модерен стил. По инспиративните дизајнерски решенија во првиот дел, одново ви нудиме одлични предлози и совети за соби со секаква големина, но и по сечиј вкус. Од минималистички, топли и комфорни, па се’ до отмени, урбани и елегантни примери, погледнете како изгледаат модерните спални соби во продолжение, и одберете ја омилената тема и за вашиот дом.