Било да сте во пар, самец или во потрага по нова љубов на својот живот, секогаш е добро да имате при рака романтична комедија преку која ќе им ја покажете нежната страна на идниот или сегашен партнер. За да Ви помогнеме да го издржите овогодинешниот долг викенд за Денот на заљубените, Pickbox одбра за Вас неколку филмови за разни прилики и околности.

Заглавивте во пријателство?

Знаете за што зборуваме. Супер се дружите, разговарате за сешто, но никако вашето пријателство да се претвори во малку подлабока и поубава врска. Без грижа. Измислете Антиден на заљубените, повикајте ја само неа или него на гледање филм и пуканки, а потоа вклучете го Кога Хари ја сретна Сали. Врвен филм за двајца на кои предолго им треба да сфатат колку се сакаат, а има и култна сцена за оргазам на јавно место. Ако тоа на запали, залуден ви е трудот.

Заљубени сте во зафатена личност?

Не, нема да ви го препорачаме „ Дипломци“, иако има смисла, повеќе сме за Мојот најдобар пријател се жени во кој преубавата Џулија Робертс предоцна сфаќа дека идеалиот маж е всушност нејзиниот долгогодишен пријател, што секако ќе го сфати кога тој ќе и каже дека се жени. После изгледаниот филм, разговорот започнете го со реченицата: „ За да ги избегнеме сите овие компликации, најдобро е одма да се омажиш за мене“ и посегнете за прстенот. 

Moj najbolji prijatelj se zeni

Богато би се омажиле?

Ех, околу тоа навистина не можеме да ви помигнеме, бидејќи ние зборуваме за љубов, но всушност таа тема и сите нејзини последици се обработуваат во безвременската класика на Џејн Остин Разум и чувствителност во која глумат Ема Томпсон, Кејт Винслет и Хју Грант, па можете да се припремите за евентуални компликации при остварувањето на романтично – профитабилната замисла. Којзнае, можеби по пат и ќе се заљубите навистина, а не заради парите.

Имате дете?

Нема да ве прашаме како сте се нашле во позиција на самохран татко или мајка, но можеме да ви го препорачаме “Будни во Сиетл“, филм со кој јасно ќе им објасните на девојката или момчето кое добро ви се вклопува во животот, на кој начин вашата врска би требало да се развива. Направите пуканки, испратете ги дацата во кревет ( или уште подобро, нека преноќат кај баба им) и кога него или нејзе ќе и протечат солзи од емоции, бидејќи Том Хенкс конечно најде некој, искористете ги преплавените емоции за изјава на љубовта.

Romansu u Seattleu

Не знаете каде би запознале некој?

Ако не прашувате нас, било каде, додека го имате Четири венчавки и погреб за гледање. Тактиката е едноставна. Излегувајте што почесто можете, па брзо ќе сфатите дека секогаш среќавате исти луѓе. Кога меѓу нив ќе најдете личност која вас ви е занимлива, почнете флерт со неа или него со реченицата: „Ти си како 4 венчавки и погреб. Постојано се среќаваме, но ништо од нас.“ Ако се насмее, нарачајте заеднички пијалок и повикајте го него или неа за да го гледате филмот во опуштена домашна атмосфера.

foto 1 - koga Hari ja sretna Sali

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОригинален редизајн на унгарски банкноти со животни
Следна објаваЗа Љубовта…
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ