Долгогодишната опседнатост на жените со долги и густи трепки е многу разбирлива- очите рефлектираат повеќе светлина, изгледаат покрупно и привлекуваат внимание. Еве ги најголемите вистини и заблуди што треба да ги знаете кога станува збор за маскарата.

1

  1. Најдобро е да употребувате повеќенаменска маскара која ги дефинира и продолжува трепките.

Вистина: Многу е подобро да купите маскара за една специфична намена. Составот на маскарата е обично таков што еден квалитет се жртвува на сметка на друг, па затоа шминкерите нанесуваат неколку слоеви различни маскари за да се постигне посакуваниот резултат.

  1. Жените со руса коса треба да користат кафеава маскара.

Вистина: Сите жени треба да користат црна маскара, а особено русокосите. Целта на маскарата е да го истакне обликот на очите и да ги дефинира трепките. Нејзините ефекти треба да бидат видливи.

  1. Пред употреба на маскара, треба неколку пати да ја ставите и извадите четкичката од тубата за да фатите поголема количина.

Вистина: Ако го правите ова, на четкичката ќе се насобе премногу маскара која брзо ќе се исуши. Освен тоа, на трепките ќе се направат грутчиња.

2

  1. Не треба да се нанесува маскара на долните трепки

Вистина: Секогаш ставајте маскара на долните трепки, особено кога сакате да постигнете “smokey” изглед. Но, внимавајте трепките да не се залепат.

  1. Нанесувајте маскара на крајот од шминкањето

Вистина: Шминкерите советуваат нанесување еден слој на маскара пред да ставите сенка и коректор, а потоа уште еден при крајот на шминкањето. Првиот слој ги дефинира трепките, а со вториот се нагласува бојата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (02.02 – 07.02)
Следна објаваКога ќе му дадете на креативец банани
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР