1

Царот не верувал во чудо, оти слаба му била душата властољубива за да разбере чуда и да поверува дека и невидливото постои, само што не се гледа,оти не мора нешто да се гледа за да постои.

Тоа јасно го знае секој кој пишува со писмо, со букви или зборови што се служи, сочиненија да сочинува. Оти: неможеш да го видиш зборот “врата” или зборот “клучалница” или зборот “прозорец”. Но можеш да го видиш ни зборот “љубов”? Неможеш. Но, љубовта сепак постои иако е невидливо нешто и на тој свет му припаѓа, Невидливиот.

Умно велеше Филозофот: се што гледаме сведочи за невидливото: За онај кој го направил видливо сето ова, а самиот станал невидлив се сокрил од пред очите наши за да не гледа, да не слуша, да не демне, не оставил да го бараме и созерцаваме. Како пајакот, творец на мрежата своја видлива. Сте забележале ли, о бедни и блажени духом, дека пајакот е најмалку видливиот дел од мрежата негова, дека и тој како и создателот е невидлив, а видлив е светот што го сочинал? Оти пајакот најчесто си лежи во точката среде што ја викаме и што најмалку се гледа оти средето е скриено внатре и затоа среде се вика; лежи таму создавателот, примирен, смирен, кроток како Бог за кој времето незначи ништо и гледа, демне, слуша, секое треперење на струните на својата вселена, на нишките од мрежата ги слуша, ја слуша музиката нивна семирска !

– „Папокот на светот“, Венко Андоновски

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодни трендови 2015
Следна објава„За Елиза" отсвирена на 5 гитари
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ