Сите ние добро знаеме дека добрата книга има непроценлива вредност и бесконечен век на траење. Сите ние многу добро се сеќаваме колку сме ги избегнувале добрите книги кога ни’ биле наметнати – а подоцна сами сме ги побарале за да ги искористиме како рецепт за подобар живот. Сета мудрост што е содржана во книгите, сместени во библиотеките со причина е сокриена на малечки места и во одредени дози. Служи како сведоштво за едно време, наследство оставено на следните генерации. Оние приказни кои допреле длабоко до нас, независно дали биле реални или фиткивни; произлегле од креативниот хаос во умот на некој писател кој живеел пред нас.
Или, можеби живеел паралелно со нас?
Ако тргнеме кон разгледување на гледиштето на некои од писателите кои го заслужиле своето место во историјата, ќе согледаме една важна, заклучна порака… „Една книга, 1000 емоции“. Односно, понекогаш Ве води кон тоа да помислите – „како е можно толку многу да ме познава овој писател?“ – во прилог, следуваат неколку цитати во врска со добрите приказни.

.1.

Мора да се биде помалку луд, за да се напише добра приказна.
– Џон Гарднер

Ништо не не’ прогонува како работите што не сме ги кажале.
– Мич Елбом

За да преживееш, мора да раскажуваш приказни.
– Умберто Еко

Ако постои приказна во тебе, мора да излезе на површина.
– Вилијам Фолкнер

Не може да го обвинуваш писателот за она што неговите ликови го зборуваат.
-Труман Капоти

Зборовите – толку немоќни и невини како што се, како што стојат во речник, колкав потенцијал за добро или зло добиваат во рацете на оној кој знае да ги комбинира.
– Непознат автор

Писателот е свет заробен во личност.
– Виктор Иго

Пишувај силно и обелодени го она што боли.
– Ернест Хемингвеј

Улогата на писателот не е да го каже она што сите умеат да го кажат. Туку она што се неспособни да го кажат.
– Анајас Нин

Нема поголема агонија од тоа да трпиш нераскажана приказна во себе.
– Маја Анџелу

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 5: Топли зимски чизми
Следна објава4 работи што ќе ви донесат забава на работното место
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ