Да подариме новогодишна магија и за дечињата од Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари.

Здруженето “Хуманост без граници” ве повикува на урбана хуманитарна собирна акција на облека за деца од 3 до 18 години,училишен прибор и помагала, играчки, книги, сликовници, учебници, хигиенски средства, чевли и чизмички и се на што децата би се израдувале. Во Дневниот центар денот го поминуваат околу 100 деца на возраст од 3 до 18 години.

Да им ја доловиме и на овие дечиња Новогодшната магија. Да им помогнеме и тие да се израдуваат на подароците, кои можеби не можат да си ги дозволат, од повеќе причини.

Нашите волонтери ќе ве пречекаат пред Спомен Куќата на Мајка Тереза, во сабота, на 27 декември, во период од 11-13 часот каде можете да ги оставите вашите донации.

Ајде заедно- да правиме Добрини!
Да бидеме ние, сите заедно, промената кон Подобар Свет.

Фејсбук најавата на настанот е на следниот линк
https://www.facebook.com/events/349404291910720/

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВистинската работилница на Дедо Мраз
Следна објаваНаправи сам | Мини книжевни елки
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР