Празничната еуфорија само што не не зафатила во целост, бидејќи Новата 2015 е на прагот: полека се насетува возбуда во воздухот, значи време е да се засукаат ракавите. Денес, нашиот Направи сам предлог се состои во изработка на украси кои не само што ќе ги искористите за зачинување на новогодишната елка, туку ќе посакате да ја украсите целата куќа. Денес, правиме мини книжевни елки!

1

Што ни е потребно?

– испечатена хартија (од стари учебници, именици, списанија и слично)
– ножици
– спојувалки за хартија
– шаблон на елка (корисни се освежувачите за во автомобил)
– украсна лента
– лепило
– спреј за зацврснување (верувале или не, спрејот за коса ќе заврши работа).

Прво, исечете ја испечатената хартија по шаблонот на елка. Нежно, започнете со мала количина лепило на врвовите на елките, а потоа додадете ја украсната лента на самиот врв на елките откако ќе ја модифицирате спојувалката во мини-закачалка. Ако користите панделка, залепете ја наместо очекуваната ѕвезда на врвот од елката. Како дополнителен предизвик, може да направите различни величини кои може да ги искористите за декорација на целата куќа.  На крајот, завршените проекти испрскајте ги со спреј за да ја загарантирате нивната долготрајност (макар само за сезонава). Вашата елка се наоѓа близу полиците за книги? Ја сместивте во домашната библиотека? Совршено!
Спремни сте да ги дочекате празниците во вистинско расположение.

НЕМА КОМЕНТАРИ