Празничната еуфорија започна. Центрите на градовите пулсираат во духот на празниците, а продавниците се преплавени со празнични декорации.

Овој пат ние Ве водиме во Yiwu, во „Божиќното село“ во Кина, 300 километри јужно од Шангај. За жал ова место не е како од приказните, нема снег ниту џуџиња, но токму таму се сместени околу 600 фабрики кои произведуваат околу 60% од сите декорации кои се продаваат низ светот.

216

19 – годишниот Wei работи во една од тие фабрики, во одделот каде снегулките од стиропор се обложуваат во црвено. Во „фабриките на Дедо Мраз“ наместо џуџиња работат воглавно мигранти кои работат 12 часа на ден за максимум 12 000 до 18 000 илјади денари, или 200 – 300 евра. Значи оние кои работат на произведување на празничниот дух не уживаат во истиот.

Christmas decorations being made at a factory in Yiwu city, Zhejiang province, China - 15 Dec 2014

Christmas decorations being made at a factory in Yiwu city, Zhejiang province, China - 15 Dec 2014

Wei во текот на денот менува најмалку 10 маски за лице обидувајќи се да не ја вдишува црвената прашина. Во овој период од годината тој заедно со неговиот татко доаѓа во Yiwu за да заработи за живот. Неговата задача е снегулките од стиропор најпрвин да ги обложи со лепак па потоа да го залепи црвениот прав – создава над 5000 црвени снегулки секој ден. Неговиот татко носи „Дедо Мраз капа“ но не поради празничниот дух туку да ја заштити својата коса од црвениот прав.

218

Спакувани во пластични кеси, нивните сјајни црвени светулки се сместени низ продавниците низ светот заедно со многу други празнични декорации. Во Yiwu постои Yiwu International Trade Market познат како China Commodity City каде што на 4 милиони метри квадратни се распостелени различни производи. Постојат цели улици во лавиринт посветени на вештачко цвеќе и гумени играчки, чадори, пластични кофи, часовници и многу други работи прецизно категоризирани во 62 000 кабини. Секторот Два е местото каде може да се пронајде Божиќ.

За жал, сликата од „Божиќното село“ не е како онаа од приказните. „Фабриката на Дедо Мраз“ не изгледа така како што ја замислувавме.

Среќни празници!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПоглед кон небото | Дејан Крстески
Следна објаваДа подариме СРЕЌА на децата од Дневниот Центар за Деца од Улица во Шуто Оризари
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР