Сведоци сме на бројни примери кои одново и одново го докажуваат значењето и моќта на книгите во секојдневниот живот, нивното влијание врз човечката психологија и уредувањето на меѓучовечките односи, како и нивно инволвирање во другите гранки на уметноста. Секојдневното користење на цитати, препорачувањето и хранењето на основната човечка потреба од раскажување си го прави своето: уште еднаш да ја потврдиме есенцијата на тие предмети од хартија и душа кои сведочат за постоењето, напредокот и надежта во луѓето како живи суштества. Во прилог, следува сликовит приказ на истото.