На само еден ден пред почетокот на десеттото издание, Моден викенд Скопје во соработка со Општина Карпош, на 22 октомври, во 11 часот ќе отвори изложба на отворено, наречена „Арт Ограда“, составена од фотографии од најновите креации на дизајнерите – учесници на претстојниот Моден викенд.

KOLAZ
Изложбата на отворено ќе може да се види од 22 октомври до 22 ноември 2014 година, на надворешната ограда на објектот „Државен архив на Република Македонија“ во општината Карпош.

„За нашето десетто јубилејно издание, со Општина Карпош одлучивме, пред сѐ, на жителите на општината како и на сите скопјани, да им овозможиме на „ѕирнат“ во дел од колекциите на нашите дизајнери-учесници. Покрај уживањето во модните трендови, граѓаните ќе имаат можност да ја запознаат подобро својата општина и да ја видат во едно поинакво светло. „Теа модерна“ и овој пат го поддржа „модерното“ и ја „спакува“ ексклузивната фотосесија во едиторијал – подарок за сите читатели ширум земјата кој ќе излезе во бројот на самиот ден на отворањето“ , велат од организацијата на Моден викенд Скопје.

Фотографиите се направени на осум локации во општината Карпош: новоизградени, реновирани, но и објекти што со децении се заштитен знак на општината. Во улога на модели се познатите македонски актерки Дарја Ризова и Јована Павлаковиќ, победничката на првото издание на „Танц со ѕвездите“ во Македонија – Јована Василева, како и манекенките од модната агенција „Подиум“: Моника Илиевска, Рене Вајт, Јорданка Михајловиќ и Фаниа Гиачо. За изгледот на девојките се погрижи АVON во соработка со тимот на „Академија Леонтиќ “ и „Бубе Студио Ин“ во соработка со „Lakme“.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако правилно да нанесете ајлајнер?
Следна објаваСоларна библиотека | Kirkwood Public Library
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР