1.1

Ниеден уметник не е повеќе безмилосно управуван од неговиот творечки порив, ниту повеќе изолиран од мултиизворноста на човечката среќа од Винсент Ван Гог. Генијот на сликарското платно, чиј живот претставува непрестајна борба против сиромаштијата, обесхрабрувањето, лудилото и очајот. Жедтта за живот вешто се доловува преку возбудливата атмосфера на епскиот Париз во ерата на пост-импресионистите и реконструкцијата во големиот увид во развојната уметност на Ван Гог. Сликарот не се перцепира само од аспект на уметник, туку и како личност; чии насилнички и макотрпни сфаќања на животот го прават овој роман еден од ретките кој се одликува со сочувство и виталност.

Уметноста е неморална, но сепак е живот. За мене не постојат непристојни фотографии или книги – постојат само лошо замислена и лошо претставена уметност.“

Најголемиот роман на Ирвинг Стоун го следи животот на големиот холандски уметник од неговите среќни почетоци како дилер на уметнички дела во Лондон, се до неговата смрт на 37 години, во Аверс. Со концепт на биографска сторија, со целосна детализација и реалистични дијалози врз основа авторовиот пристап до писмата на Ван Гог, за кои се тврди дека освен што тој претставува еден од највлијателните сликари во историјата, тој исто така бил еден од најплодните писатели и елоквентен создавач на слова. Беспрекорно исткаен книжевен портрет кој во вистинска смисла се нарекува вистинско ремек-дело. Иако Стоун одлучил да ја прескокне драматичната фаза од животот на Ван Гог од типот на неговиот краток престој во Дрент, сепак фокусот на приказната иманентно се задржува на приказна во движење, со особена брзина и невиден интензитет кој е карактеристичен само за артистите со возвишено разработени сетила, во текот на бурните параметри во животот на безвременскиот уметник.

„Тие велат дека си замислувам – не е точно – јас се сеќавам.“

Жед за живот најдобро се оценува како чист ескализам за сите оние кои целат да се телепортираат во некое друго време, во фиктивна опсервација на високите форми на уметност и книжевна елаборација на психичката состојба на еден уметник. Ван Гог е доведен во живописен фокус, живот и воздишки од страница до страница. Стоун завршува неверојатна работа преку дестилираната личност на Ван Гог и неговата презентација во еден мошне човечка форма чиј крај никогаш нема да ја принесе емоционалната поента во целост без да предизвика солзи во очите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМала еколошка куќичка
Следна објаваСовети за лакот да ви трае подолго
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР