000

Повеќето жени сакаат лакирани нокти. Ако сами си правите маникир, сигурно најголем проблем ви е долготрајноста на лакот. И кај ефтините и кај скапите лакови нема голема разлика за тоа кој колку трае. Затоа, следете ги овие неколку златни правила и ќе забележите разлика уште веднаш.

Чистење, па лакирање

Ако имате обврски во дено-  чистење, средување на плакарот, миење садови и сл., најдобро е да ги завршите, па потоа да се лакирате. За понатаму во текот на неделата, носете ракавици за да ги заштитите ноктите.

Користете лак- база

Пред да ставите лак во боја, нанесете база или безбоен лак кој го продолжува траењето на лакот до 2 недели. И откако ќе се излакирате можете повторно да ставите ваков лак. Така ќе има најголем ефект.

1

Избор на боја

Одберете боја која што нема да биде многу впечатлива, како беж, или друга посветла нијанса. Така, и кога лакот ќе почне да ви се лупи на врвовите, нема многу да се познава.

Почекајте додека да се исуши

Бидете стрпливи додека се суши лакот и не правете ништо барем дваесетина минути. Откако ќе се исуши, ставете ги ноктите под млаз ладна вода бидејќи така лакот се зацврстува, а со тоа и подолго трае.

2

Користете масло

Купете хранливо масло за нокти и редовно негувајте ги. Ноктите ќе бидат здрави и убави, а и лакот нема брзо да се вади.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЖед за живот – Ирвинг Стоун
Следна објаваМини дом во поткровје
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР