Вториот роденден на Скопје Сити Мол ќе остане запаметен како првата и најмасовна „rooftop” забава во Македонија.

Од 20:00 часот, на двете модни писти, зачекорија 20 прекрасни девојки и момци од целиот Балкан во најновите колекциите на модните брендови од молот. Вистинско модно шоу, финишираше со долна облека – момент кој го одзеде здивот на присутните. Топ моделите чекореа на пистите, водени од звуци на виолина, подоцна и од двајца перкусионисти, а целото шоу беше проследено и со перформанс на паркури.

Гости на вториот роденден беа голем број пријатели на Скопје Сити Мол, соработници, новинари, пејачи, претставници на естрадата, македонски јавни личности.

По завршувањето на модното шоу, просторот на петтото ниво на катната гаража беше брзо адаптиран за еден од најхаризматичните, воедно најспецифични македонски диџеи – Кирил Џајковски. Во полн состав, Џајковски приреди двочасовно шоу за паметење. Огромен број посетители, еуфорично се забавуваа на неговите хитови до доцна во ноќта. Не смее да се заборави и ТК Вондер, девојката која ги поздрави Скопјани со фразата „Го сакам Скопје!”.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБритански професионалци ексклузивно на Моден Викенд Скопје
Следна објаваКнижевни намирници | Say What Studio
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР