Скопје, 6 октомври 2014 – Во рамките на десеттиот Моден викенд Скопје, под името „Современи движења во модата-трендови, продажба и блогирање“

предавања ќе одржат, Роберт Кавел- Кларк, Кендал Робинс и Ребека Рој од Лондон како и тимот на домашниот моден сајт Stylist.mk , на 25 октомври од 12

до 15 часот во „Станица 26“ во Скопје. Станува збор за реномирани професионалци од областа на модата а предавањата се дел од едукативната и бизнис

програма на есенското издание на Моден викенд Скопје.

Роберт Кавел – Кларк кој е одговорен за односи со дизајнери и скаутирање во „NotJust a Label“, ќе предава за профилот на компанијата, нивните искуства со

интернационални дизајнери, современи начини на продажба и финансирање нанивниот бизнис. Роберт Кавел-Кларк ни гостува со поддршка на

Министерството за култура на Р.Македонија.

Како програмски менаџер во Британски совет Лондон, Кендал Робинс пред македонската публика ќе говори за работата на Британскиот совет, нивната

меѓународна соработка и искуствата со дизајнери од Велика Британија. Робинс води и курира културни настани и изложби низ Блискиот Исток, Северна

Африка и Јужна Азија, како и во Обединетото Кралство, а исто така е и советник за меѓународната работа. Кај нас ја носиме во соработка со Британски совет во

Македонија. Британски совет во Македонија ни ја носи и Ребека Рој која е една од врвните лондонски модни стилисти и креативни консултанти, моден

директор на списанието „Disorder“ и моден уредник за Обединетото Кралство на списанието „The Untitled Magazine“. Таа од 23 до 27 октомври во Скопје ќе

одржи работилница наречена „Модно блогирање“ наменета за модни блогери и фотографи но ќе зборува и за начините на кои дигиталните технологии и

друштвените мрежи може да го помогнат развојот и промоцијата на модниот бизнис. Новинарките Ана Несторовска и Катерина Трајановска од модниот сајт

Stylist.mk ќе зборуваат за „Улогата на интернет-медиумите во македонската модна сцена“ и ќе го споделат своето повеќегодишно искуство како модни

новинарки работејќи во различни медиуми на домашната сцена.

Рокот за пријавување на заинтересираните да присуствуваат на предавањата е до 20

октомври 2014 на goran@fashionweekendskopje.mk

СПОДЕЛИ
Претходна објаваELigion ревија на Елена Лука
Следна објаваСкопје Сити Мол го прослави вториот роденден со светско модно и музичко шоу
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР