.1.

  • Сакам кога… неочекувано ќе ми се јавиш и во рок од една секунда ќе ми кажеш „те сакам“ и ќе ми спуштиш слушалка.
  • Сакам кога… ќе ме разбудиш со топла шолја Нес во кревет, во точно време за да не задоцниме на факултет или работа.
  • Сакам кога… ги почитуваш моите другарки и го цениш мојот избор на блиски луѓе. И ги сакаш како да се твои.
  • Сакам кога… го цитираш Шекспир на свој начин само затоа што знаеш дека ќе ме расположиш поради тоа што го сакам и те сакам тебе што си запомнил.
  • Сакам кога… ќе ме ислушаш и покрај плачливиот глас и ќе се заинаетиш да им вратиш на тие што ме растажиле. Да бидеш мој херој.
  • Сакам кога… имаш разбирање за моите работни обврски и се нудиш за помогнеш иако секако ќе ти речам дека нема потреба. А ти сепак ќе ми помогнеш со тоа што си ми поддршка.
  • Сакам кога… будалесто ќе ме кренеш на раце и ќе ми речеш „готово, те земам бегалка!“.
  • Сакам кога… ми велиш дека не ми треба шминка. А сакам и кога се согласуваш на мојата потреба поубаво да се чувствувам кога ја носам.
  • Сакам кога… имаш волја да излезеш со мене на кино иако знаеш дека филмот што го избрав ќе ти биде здодевен.
  • Сакам кога… несебично ќе ме пофалиш и ќе изедеш 2 парчиња од чоколадната торта која случајно сум ја загорела.
  • Сакам кога… се грижиш за моето семејство поеднакво како што се грижам јас. Уште повеќе сакам кога можам да ти возвратам.
  • Сакам кога… внимателно ми ги следиш монолозите додека ти раскажувам книга којашто ме фасцинирала. А двајцата знаеме дека тоа се случува доста често.
  • Сакам кога… се гордееш со моите достигнувања како да се твои. Се гордееш со мене и моето надоградување, па работиш и на своето, што ме прави уште погорда.
  • Сакам кога… планираш да проектираш дом за нас двајца. Во иднина тројца, а можеби и повеќе.
  • Сакам кога… ја носиш облеката што ти ја купувам од сите мои патувања. И кога совршено ти стои.
  • Сакам кога… се смееш на мојот британски хумор затоа што едвај чекаш да се насмеам и сама.
  • Сакам кога… измислуваш нов текст на постоечки песни кој одговара на ситуацијата во која се наоѓаме, безразлика дали е романтична или не.
  • Сакам кога… секое наредно кафе не ти е убаво затоа што си навикнат на начинот на кој јас ти го правам.
  • Сакам кога… цврсто си го браниш ставот, но го почитуваш и мојот. Особено ако е од политичка природа, затоа што тука потешко се усогласуваме, но се почитуваме.
  • Сакам кога… не бираш време и место за да бидеш кавалер. Исто како што не бираш место и време за да ми кажеш дека ме посакуваш.
  • Сакам кога… те сакам поради се’ што си сам по себе, а не само личност што тежнее да биде се’ што сакам – што ете случајно си, моето најискрено „те сакам“! 

Затоа што навистина си тоа.
И многу повеќе. Односно, полесно ми е сето тоа да го склопам во убаво спакувана и романтична објава, отколку да се форсирам да направам наративен опис. Како би, кога можеш да опишеш личност на таков начин само ако твоето со него завршило, односно, ако се случува ретко? Мене со него речиси секој ден ме грее сонце. Некогаш ќе заврне, ќе истури како неочекуван дожд во јули, но она што го паметам е виножито. Повеќе виножито отколку магла. Како и овој пат, моето верно поистоветување со книжевните ликови, со епските случувања. Затоа што тежнеам да им бидам слична, да се соживеам, заедно со него.

* авторски текст.

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Негативна“ енергија на природата | Mike Olbinski
Следна објаваФото на денот | Селфи во Прага
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ