Дали некогаш сте замислувале идеална комбинација од книги и кафе, на апсолутно незамисливо место кое единствено сте можеле да го искусите преку некое пост-модернистичко четиво со импресивен наратив кој директно Ве кани на утописка локација? Дизајн-студиото MVRDV е заслужен за трансформацијата на Stedelijk Museum Schiedam која од историска неокласична капела станува кафе-музеј. Елементот кој ја модернизира капелата е големата црвена полица со книги и различни производи за продажба кои стојат за располагање на клиентите, односно читателите кои одлучиле себеси да си приредат вонвременско искуство.

Сместен во Холандија, кафе-музејот кој е така наречен од посетителите нуди отворен и бесплатен влез, кој е дополнет со различни видови на кафе, сендвичи, сокови, бели и слатки пецива, како и домашна супа на денот. Кафе-музејот меѓу другото е одличен и за забави и вечери. Во текот на денот, оваа локација е одлична за кафе-дружење и уживање со книгите , проследени со кафе.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтилски и урбани дневни соби
Следна објаваМузичка препорака | Ibeyi
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР