.1.
„Сподели многу и некој може да те повреди.“

Како по рецепт, во секој од нас постои изрежиран план за тоа во која насока би требало да нѝ тече животот – успешна кариера, создавање семејство, топлина во домот, доживотен договор со себе за истрајување и покрај најголемите животни предизвици. Патеката која ја минуваме при достигнување на горенаведните параметри двосмислено нѝ пружа скратени патишта, нераспоредени камења, погрешни навигациски табли. Тестови при секаков однос и комуникација. Дали во суштина сме забележале колку несвесен напор пружаме сакајќи и мразејќи некој на патот, од едноставна психолошки оправдана причина што самите сме ги прифатиле како есенцијален дел од животот, а не од самиот пат, доделувајќи им пиедестал на важност. Секој човек има слаби точки. Истите се наречени блиски личности.

„Солзите беа прифатливи, иако правеа да се чувствуваш слаб и празен одвнатре, но сепак беше подобра отколку градењето изговор кој резултура со загушени чувства внатре.“ 

Камрин и Адела се вистински сестри по избор – животот ги спојува во универзитетските денови, каде го минуваат тестот на пријателство и создаваат ретка база на издржливост, потпора и сочувство. Зад себе Камрин има работно место кое ја исполнува, наспроти Адела која е успешна самохрана мајка. Иако тотално различни, создавајќи ја и негувајќи ја непроценливата блискост положуваат животна заклетва која губи на вредност непосредно пред венчавката на Камрин. Наместо судбносното „да“, таа ги препознава предиспозициите на ликот на малата Там, пресликаниот нос на нејзината сродна душа, нејзиниот Нејт; каде истовремено на сцена испливува гревот на нејзината најдобра пријателка…

„Дали тој разбира дека „што ако“ не е фер кога, под различни услови, од тебе е побарано да балансираш работи една по една, кога мора да го одбраниш она што си го сакала во сосема поинаков момент?“

Психички поразена и детерминирана, со куфер исполнет со бес, предавство и болка Камрин брише секаков контакт со нив двајцата, притоа оставајќи ја својата малечка Там без размислување и трошка каење. Колку може една роденденска честитка, на точна адреса во точен тајминг од корен да го измени дотогашниот пулс на живеење да го предизвика судбоносното неверство на реванш… колку сме всушност, способни да замижиме пред севкупниот вложен труд, иманентно перцепиран од најневините детски очи? Оваа вонсериска, а истовремено лесна за читање приказна ќе направи повеќе да ги вреднувате бесценетите работи во Вашиот живот, додека сеуште имате време. Додека сеуште не е доцна.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреативни фотографии со Jimmy Choo
Следна објаваКомбинација од убавина и зло | Olga Noes
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ