Базиран сосема на вистинска приказна, овој декември ќе имаме можност да го погледнеме „Walt before Micky“, односно животот на Дизни пред Мики да „се роди“ во светот на анимацијата.

1

Познатата латинска изрека „Рer aspera ad astra“ го истакнува своето значење во животот на најпознатиот аниматор од сите времиња. Навистина бил трнлив патот за Волт до неговите ѕвезди. Според Deadline Hollywood, филмот е базиран според книгата „Волт пред Дизни: Раните години на Дизни, 1919-1928“ од Timonthy S. Susanin.

2

Интересен фактот кај овој филм е тоа што режисерот Khoa Le режира прв пат и ќе се труди да ги опфати што може подобро и пореално проблемите и животот на Дизни, пред да го креира култниот лик на Мики Маус.

3

Во филмот, улогата на Волт ја превзема Thomas Ian Nicholas од „American Pie“, додека Jon Heder од „Napoleon Dynamite“ ќе ја превземе улогата на братот од Волт, Рој.

4

Трејлерот можете да го погледнете погоре. ;)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Шик маникир
Следна објаваУтрински погледи од шатор | Oleg Grigoryev
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ