Во почетокот на 2012 година фотографот од Њујорк, Tyler Orehek започнува еден проект со кој создава фотографии од различни периоди на 20-от век. Користи автентични реквизити, соодветна облека, соодветни средини и умешноста на своите деца, Tyler и Lauren. Од луксузен начин на живот во 1920-тите, Големата депресија во 1930-тите и се што се случувало во 20-от век претставено низ фотографии. Иако неговиот син има 3 години, а неговата ќерка само 2 години тие во секоја фотографија успеваат да го доловат соодветниот период.

„Мојата намера не беше да ресоздавам фотографии од тој период туку да создадам нови според моето согледување на истиот. Имајќи деца наместо возрасни како модели му овозможува на гледачот да се концентрира на суштината. А децата без предрасуди се вклопуваат во секоја фотографија.“

30

1970-тите29

1970-тите28

1960-тите27

1950-тите26

1940-тите25

1940-тите24

1930-тите23

1930-тите22

1920-тите21

1900-тите

СПОДЕЛИ
Претходна објава115 години од раѓањето на Хичкок
Следна објаваСовршена куќа за одмор
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ