Во својот век од само 44 години, Francis Scott Key Fitzgerald важи за еден од најмаркантните писатели и сценаристи на минатиот век. Успехот кој му го носи првиот роман го прави познат и му носи брак со жената која ја сака, но подоцна се оддава на алкохолот и жена му претрпува нервен слом. Покрај тоа, познат е по животот во Париз во 20тите години, пред да се пресели во Холивуд. Фицџералд бил убаво и амбициозно момче, образовано исклучиво во престижни училишта чија што љубов кон зборот се развива додека тој е на Принстон.
Покрај фамозната и трагична приказна за „Големиот Гетсби“ каде што се слави љубовта во една своја невообичаена форма, завиткана во елан да се задоволи профилот на саканата личност, да се излезе во пресрет на нејзината величенственост и да се пружи безрезервна афекција независно годините што поминале и без оглед на развојот на околностите – Фицџералд има и други приказни кои оддаваат огромно значење на љубовта, кои подолу може да ги погледнете во селекција на најубави цитати, 13 на број, делуваат како совршен опис на нешто возвишено, нешто што го прави читателот да посака обраќањето да се однесува на него самиот; но, да биде исполнет со тоа што ги искусува зборовите, да му биде доволно. Фицџералд умира од срцев удар во 1940 година, пред да го заврши својот последен роман – но, неговите зборови и значење остануваат како светилник во светското книжевно наследство.
1. Постојат различни типови на љубов во овој свет, но никогаш истата љубов два пати.
2. Тие ненадејно преминаа во интимност од која никогаш не се излечија.
3. Се заљубив во нејзината храброст, нејзината искреност и нејзината пламена самопочит. И тоа се оние работи во кои верувам, дури и целиот свет да западне во див сомнеж дека таа не е се’ она што треба да биде. Ја сакам и тоа е почетокот на се’ останато.
4. Ти си најдобрата, најдрагата, најмилата и најубавата личност што некогаш сум ја познавал – и дури сето тоа е само потценување.
5. Тоа беше само сончева насмевка и малку чинеше за да се даде, но како што утринското светло е дадено од ноќта, така го прави денот вреден да се живее.
6. Не барам да љубиш секогаш како сега, но барам да запомниш. Некаде длабоко во мене секогаш ќе постои личноста која сум вечерва.
7. Сакам да знам дека се движеше и дишеше во истиот свет со мене.
8. Посакувам да направев се’ на Земјата, со тебе.
9. Ти си единствената девојка со која сум се гледал долго време и која навистина изгледа како да цвета со тек на време.
10. Гетсби гледаше во Дејзи на начин на кој секоја млада девојка сака да ја гледаат.
11. Работите стануваат послатки кога ќе ги изгубите. Знам, бидејќи еднаш посакав нешто и го добив. Беше единственото нешто што го сакав длабоко. И кога го добив, се претвори во прав, во моите раце.
12. Нејзиното срце слезе во нејзините чевли и таа сфати конечно колку многу го посакуваше. Безразлика какво беше неговото минато, безралика што имаше направено. Тој никогаш немаше да дознае, но единственото нешто што ја движеше хемиски поблиску до него беше тоа што секој предходно што го беше запознала, сите други мажи изгледаа бледо покрај него.
13. Зошто не ми кажеш дека девојката која што вреди да ја имаш, ќе чека на тебе? Не господине, девојката која што вреди да се има нема да чека никого.