1

Неконвенционалниот дизајн на Pitsou Kedem ги брише границите помеѓу приватниот простор и надворешноста. Архитектот од истоименото израелско студио е заслужен за целокупниот проект и реновирањето на пентхаусот Antokolsky, кој може да се пофали со извонреден панорамски поглед на градот. Ова импозантно здание е распослано на цел кат од нова зграда, лоцирана во стариот северен  дел на израелската метропола Тел Авив. Покривајќи површина од речиси 600 метри квадратни, станбениот објект е отворен и транспарентен во четири правци. Испланиран е како голем компактен простор, обвиен со тенки стаклени ѕидови со дрвени рамки, кои му овозможуваат на целиот ентериер да се поврзе со убавите видици надвор. Повеќето материјали кои се искористени во внатрешноста се претставени во сиров облик, како што се металните полици за книги и бетонските ѕидови кои доминираат во дневната соба. Значајна компонента во уредувањето на станот бил уметничкиот вкус на неговите сопственици – колекционери на модерна уметност. Архитектите обезбедиле добри позиции за вредните уметнички дела кои станарите сакале да ги изложат во својот животен простор. Стилизиран е светски, задржувајќи ги класичните влијанија и духот на минатото во амбиентот. Жолтата боја во дизајнот е задолжена за насмевките и позитивната енергија во домот, а употребена е како акцент кај главната врата, шкафот и дополнителните допири во оваа ведра нијанса. Спектакуларниот бесконечен базен, пак, им овозможува на сопствениците да пливаат над градот во вистинска смисла на зборот. Поплочен е со темен камен, за отсјајот на градските светилки комплетно да се огледува во водата.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

30

31

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМобилна колиба за бегство
Следна објаваОд Фицџералд, 13 цитати за љубовта
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ