Европа секогаш најсилно чука во срцата на сите вљубеници во културата и уметноста. На сите сонувачи некаде таму, чиј план е да го посетат целиот свет, прва на листата е секако најстарата кралица на континентите. Како секој авантурист што сака да ја почувствува „аромата“ на посетеното место , така ланецот хотели „25hours“ се потруди да го долови „шмекот“ на неколку европски градови преку карактеристичниот дизајн. Берлин, Франкфурт, Хамбург, Виена и Цирих можат да се пофалат со атрактивни хотели кои овозможуваат несекојдневни искуства.

1. „Bikini Berlin“ – Космополитски Берлин

25 hours hotel – Bikini Berlin“ е изграден во духот на космополитскиот Берлин и е популарен не само за гостите, туку и за сите оние кои се расположени за пијалок после долгиот работен ден или пак за романтична вечера во хотелскиот ресторан. Барот и ресторанот се наоѓаат на врвот од хотелот и нудат поглед од 360 степени на преубавиот Берлин кој е познат по својата разновидност. Да, тука слободата најмногу се слави!! 

1

2

3

4

5

6

Ентериерот е едноставен, разновиден и изобилува со бои. Токму како Берлин. Собите потсетуваат повеќе на типични шик германски станови, отколку на хотелски.

2. “The Goldman” и “Levi’s” – Урбаниот Франкфурт

„The Goldman“ хотелот во Франкфурт се состои од два дела во кои собите се со различен аспект. Дизајнот на 49 соби во западното крило се инспирирани од локалниот дух на живот и го претставува Франкфурт во силно урбано светло во која животот е неверојатно возбудлив. Источното крило располага со 48 соби кои се инспирирани од архитектурата и филозофијата на „Обединетите Нации“ во Њујорк. Од хотелскиот ланец „25hours“ во Франкфурт има уште еден хотел со име „Levi’s“ чиј концепт е направен преку соработката на хотелскиот ланец со еден од најпознатите брендови, „Levi’s“.

7

8

9

10

11

3. „Hafencity“ и „Number one“ – Хамбуршката сигурна кука

„Hafencity“ е дизајниран во морски стил, додека кабините и сите соби се топли и удобни. Дизајнот е инспириран од бродовите и морските широчини. Зачинет со детали на морнарскиот живот, ентериерот потсеќа на оние опасни патувања исполнети со романса, силно невреме и болни збогувања. Хотелот „Number One“ е сместен на службениот блок од 1950 година. Дизајнот на ентериерот претставува ретро микс на ’60-тите и ’70-тите, а просториите на овој динамичен хотел „се преклопуваат“ една со друга, создавајќи комуникативна атмосфера.

12

13

14

15

16

17

4. „Museums Quartier“ – Виенската циркузна претстава

Овој виенски хотел ја симболизира традицијата на виенскиот циркуз и претставува едно надреално, изнанадувачко и привлечно место кое си поигрува со фантазијата и егзотиката. Место кое се наоѓа на тенка граница помеѓу имагинацијата, реалноста, времето и местото, кои како да се во магла…

18

19

20

21

22

23

24

5. „Zurich West“ – Уметничкиот Цирих

Во уметничкиот дел на западен Цирих се наоѓа хотел кој го дизајнираше легендата на дизајнот Alfredo Haberli, како микс на индустрискиот дизајн и шаренилото на бои, додека се е зачинето со локалните вредности и посебни детали. Овој хотел ја отсликува шарениколикоста на животот во новиот циришки центар на култура и атмосфра на се што може овој град да понуди. Домаќините се трудат да им покажат на гостите дека Цирих нуди повеќе од она што се очекува – банки, чоколади и часовници. За крај на долгиот ден од туристичките тури, хотелот нуди сауна која покрај одмор, нуди несекојдневно уживање во прекрасната панорама на градот.

25

26

27

28

Сепак, се’ е во деталите, зарем не? ;)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВерсај на Марија Антоанета – Кетрин Дејвис
Следна објаваГолемиот Валентино | At the Emperor’s table
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ