Од раскошни приватни забави до процесот на дизајн во неговите уникатни колекции преку неговите омилени рецепти и поглед во неговиот богат дом – новата книга од Assoilune која излегува во печат во ноември 2014 година дава увид во животот на Valentino Garavani.
Големиот Valentino, еден од најпознатите иконски дизајнери во италијанската мода и основач на модниот бренд и легендарната етикета за висока мода која влече корени од 1959 година, заедно со Giancarlo Giammetti повлекува револуција во италијанската мода и го облекува високото општество во земјата. Книгата ја раскажува приказната за карактеристичниот живот на големиот дизајнер, каде што предговорот е дело на André Léon Talley, уредник во американскиот Vouge кој пишува „кога ќе влезете во светот на Valentino, Вие влегувате во светот на луксузот, свет на реткото и богатството; но, исто така, светот на топлината.“. Свет исполнет со уметнички дела и антиквитети, со домови во Лондон, Њујорк и Париз, вклучувајќи го и Château de Wideville. Книгата со наслов „Valentino: At the Emperor’s table“ќе биде достапна на интернет и продажните места на издавачката куќа по цена од 100 €.
СПОДЕЛИ
Претходна објава25hours | Ланецот на хотели во европскиот дух
Следна објаваКако изгледа убавината од Аргентина до Виетнам?
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ