„Се’ она што е интересно и доволно, но во прилично клиничка доза – еден проблем со „Ноќниот воз за Лисабон“ е содржан во неговиот заговор, ако заговор е вистинскиот збор за истиот. Се состои речиси целосно од разговор за разговорот, па повторно разговор, па разговор во врска со луѓето и настаните во минатото. Ефектот на овој бескраен разговор повеќе е статистика отколку стимулација за понатамошно читање. Предметот на барање нов живот е богат, како безброј други романи што истото го ставија до знаење, но навистина не е јасно дали приказната припаѓа на Грегориус или на Прадо или пак е во навестувањето на драмската тензија како Греогориус налетува на информациите за Прадо. Можеби авторот не внесува во оваа фантастична приказна преку интелектуална загатка и измама која многу читатели ја сакаат кај Умберто Еко, но не постои задоволство кое би можеле да го пронајдете тука. „Ноќниот воз во Лисабон“ никогаш не се грижи за читателот, како што не прави читателот да се загрижи за Греогориус.
Тоа е интелигентна книга, точно; но, има едвај здив на живот во неа.“

– Вашингтон Пост

По ваква критика која во старт Ви ги сместува очекувањата во недоумица и доста пофалби кои ја носат оваа приказната на големото платно, еден читател и љубител на трилери ќе се запраша два пати пред да ја побара оваа книга. Но, се вели дека и лошиот публицитет е публицитет – дури и поделените критики и не-така-сјајниот-маркетинг ќе ја поттикнат љубопитноста и ќе направат светот да разговара за овој автор, за овој наслов. Да се прашува зошто „Ноќниот воз за Лисабон“ е толку комплициран роман, кој истовремено станува интернационален бестселер. Амбициозна поставеност на длабочините на човечноста која отвора една неверојатна перспектива на животот, љубовта и литературата во целина. Првично, голем хит во Германија за подоцна да ја освои и Европа, па и светот – неверојатен роман кој содржи истражување на свеста, можноста за меѓусебно разбирање како и способноста на јазикот да не дефинира како единки. Рејмонд Грегориус предава класични јазици во Швајцарскиот колеџ во Берн кој еден ден се среќава со мистериозна Португалка додека таа се обидува да си го одземе животот. Наместо тоа, тој ја спасува неа и својот стар тек на живот го менува со нов: се качува на ноќниот воз за Лисабон и со себе носи една книга од Амадео Де Прадо – португалски доктор и есеист, чии дела се вртат околу темите на осаменоста, морталитетот, пријателството, љубовта и лојалноста. Грегориус станува опседнат од неговите зборови и чита неуморно за да се избори со разбирањето на животот на овој автор.

„Зборовите би можеле да предизвикаат нешто во светот, да направат некој потег или да запрат, да се смеат или да плачат. Уште како дете тој ја сфати оваа необичност и никогаш не престана да го импресионира тоа како зборовите правеа нешто слично на магија.“

Земено во генерала, ова е приказна за еден човек кој ги сака зборовите. Неговиот рутински живот во последните 57 години се базира кон средношколски живот во гимназијата во Берн каде што подоцна станува професор по хебрејски, латински и грчки јазик. Разведен и без деца, негово единствено друштво се неговите книги. По случката каде што спречува самоубиство тоа мрачно, дождливо утро и добива еден португалски збор како благодарност и еден телефонски број, тој се упатува кон локалната книжарница и ја добива книгата потпишана од Прадо на подарок. Зборовите лоцирани во оваа книга ги чувствува како свои, иако не знае португалски тој цел ден чита со помош на речник и веќе следниот ден е упатен кон Лисабон. Религиозните текстови и длабоката филозофска суштина на книгата го носат професор Грегориус на едно интерно патување во зголемената свест на неговиот живот. Неговото истражување го води во еден старечки дом, каде што се запознава со еден пријател на Прадо од детството и каде што дознава повеќе и повеќе за оние кои биле заробени од животот, така што сликата која што Грегориус ја има за Прадо како доктор и поет се претвора во слика на револуционер кој се побунил против диктатурата на Салазар.

„Постоеја луѓе кои читаат и постоеја други, Без разлика дали сте биле читател или не-читател, разликата стануваше очигледна. Немаше друга разлика помеѓу луѓето.“

Како извор на постојана инспирација, Прадо ги исполнува страниците на овој роман многу повеќе од главниот протагонист-лингвист кој почесто се заглавува во процесот на потрага преку скицирање на множество непрепознатливи ликови кои се гласноговорници за постхумното значење на португалскиот херој чија сенка ја искупува вредноста на оваа книга. Интелектуално истражување на еден човек кој го преиспитува својот живот преку откривање на релативно непознат, но популарен португалски доктор каде што самата есенција на разбирање на меѓучовечките односи е доведена до светлината на денот. Патем, убавината на истата е што оваа книга го содржи и Лисабон како лик, покрај Берн и како местата играат голема улога при промената на нашите животи преку влијание и храброст да си признаеме кои сме и што можеме да направиме. Затоа што на крајот, лесно е да се сфати:

„Животот не е она што го живееме, туку она што замислуваме дека го живееме.“

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрвата генерација на Mitsuoka Galue
Следна објаваНајубавите базени во светот
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ