Нарнија помеѓу книжарниците: Barter Books е сместена во областа Alnwick, Northumberland во Англија и важи за најубавите книжарници од втора рака во светот. Пријатна и необично пасивна книжарница чија локација е точно на железничката станица во оваа област- содржи продавница, детска соба, чекална, отворен камин, сајбер-кафе, антикварница и се’ што може имагинацијата да Ви замисли може да го најдете во ова магично место.

1

2

3

4

Специјален стаклен простор наменет за стари латински ракописи каде што се служи кафе и торта? Зарем сте сретнале поотворена покана од ова? Ако помисливте дека оваа не е доволно, погледнете го видеото погоре, кое исто како и фотографиите ќе Ви посведочи за цитатите кои ги красат полиците, а кои се позајмени од најпознатите поеми; придружени со ѕидни мурали чија величина достигнува 40 метри. Зачувувањето и реставрацијата се битен елемент од постоењето на Barter Books – сопствениците на ова место освен што се чувствувале привилегирани да го одржат истото, тие навистина допринеле многу за негова поправка по 30 години отсуство на голем број посетители и читатели.

6

7

8

9

10

11

Трета интересна и уникатна карактеристика на ова место е историјата на Keep calm & Carry on постерот – во 2000 година, еден од сопствениците на Barter Books наоѓа кутија на таванот, која е заборавена повеќе од половина век. Постерот кој бил во истата е редок оригинал на, сега веќе фамозната, пропаганда во текот на Втората светска војна: по ново-стекната популарност, сопствениците одлучуваат да произведуваат интересни аксесоари со истиот напис и оригиналот го врамуваат и поставуваат на влезот од книжарницата. На тој начин, овој постер дополнително ја промовира Barter Books и станува вистинска икона на 21виот век.

5

O

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМоден тренд | Портокалови акценти
Следна објаваGwyneth Paltrow за Max Factor
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ