Млади момци полни со енергија, љубов кон музиката, талентирани и оригинални – Ви го претставуваме Acoustic Groove. Бенд кој го покажува својот квалитет и умешност во интерпретацијата на македонската забавна музика за само 7 месечно постоење.

Вљубеници во музиката, Никола Велиновски и Иван Веселиновски се свртуваат кон домашната сцена и прават прекрасни преработки на македонски песни. „Ти си проблем“ од Студени нозе е првата нивна преработка, додека најново од Acoustic Groove е „Се е против нас“ од Куку леле. Се надеваме дека набрзо ќе слушнеме уште некоја преработка од нив, а дотогаш уживајте во оваа преработка и посетувајте ги нивните свирки низ цела Македонија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДетинесто спасување на светот
Следна објаваЕлегантен стан со тиркизни детали
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ