Lawrence Anthony, легенда во Јужна Африка и автор на 3 книги, меѓу кои и бестселерот „Шепотот на слоновите“; решава да ја спаси флората и фауната, да ги рехабилитира слоновите од целиот свет поради големите човечки злосторства (вклучувајќи ги и оние од зоолошката градина во Багдад за време на американската инвазија во 2003 година).

На 7ми март 2013 година, Lawrence Anthony почина. Тој ќе остане запаметен и вечно ќе недостасува на неговата сопруга, двата сина, двете внучиња, како и големиот број на слонови. Два дена по неговата смрт, дивите слонови се појавиле во неговиот дом – предводени од два најстари слонови во матријархот. Дивите животни пристигнаа до неговиот двор за да се збогуваат со својот омилен пријател. Вкупно 31 слон трпеливо се движеше цели 19 километри за да стигнат до неговиот дом во Јужна Африка.

Сведоци на овој спектакл, луѓето останаа занемени во стравопочит, не само што посведочија за друг тип на интелегенција и прецизен тајминг кога слоновите дојдоа да му оддадат последна почит на Lawrence, но исто така, поради длабоката меморија и емоциите поради кои овие гигантски животни се обединиле и организирале. Со бавен чекор, два дена, со свечено чекорење еден позади друг, од нивните живеалишта до соседството каде што живеат луѓето… сопругата на Lawrence беше особено трогната, знаејќи дека слоновите биле на посета на нивниот дом пред повеќе од 3 години. Слоновите, очигледно, наумиле да оддадат почит кон нивниот спасител и пријател – толкава почит што два дена ниту јаделе, ниту спиеле. Потоа, веднаш наредното утро, се упатиле назад кон своето живеалиште, кон дома.

Нешто во Универзумот е поголемо и подлабоко од човековата интелегенција. Забележано во шепотот на слоновите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕдиторијал | Љубов и фудбал
Следна објаваРомантичен стан со винтиџ детали
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ