Жените низ светот со години наназад применуваат најразлични трикови за убавина. Секоја земја си има свои ритуали пренесувани со генерации, а ние ви откриваме некои од најделотворните за нега на лицето и телото.

1

Вода од рузмарин за сјајна коса

Во Грција, жените ја плакнат косата со вода од рузмарин за да имаат здрава и сјајна коса. За да го направите ова, потребно е да ставите гранчиња рузмарин да зовријат во сад со вода и да ја исплакнете косата со водата, откако  ќе се олади. Рузмаринот дава волумен и го поттикнува скалпот за косата побрзо да порасне, а делува и против првутот.

2

Бања со саќе за сјајна кожа

За посјајна кожа, жените во Јапонија додаваат 3-4 шољи саќе во када со вода. Саќето ѝ прави пилинг на кожата, па според Јапонките, после ваква бања нема потреба од лосион за тело, бидејќи кожата е доволно мека и нежна.

3

Ориз против стареење на кожата на лицето

Сте се запрашале ли некогаш зошто жените во Кина се толку младолики? Наместо сапун, тие го мијат лицето со кинески ориз. Оризот е богат со антиоксиданси кои влијаат на поспоро создавање на брчки. За овој ритуал, потребно е да потопите 2 шољи кинески ориз во вода да отстои 20 минути. Откако ќе ја исцедите водата, нанесете од оризот на лицето со влажна крпа и почекајте 10 минути. Резултатите ќе бидат очигледни.

4

Сок од лимон за остатоците од лак за нокти

Овој трик е популарен кај Французинките. Откако ќе го отстраните лакот, остатоците на краевите од ноктите потопете ги во мешавина од сок од лимон и топла вода неколку минути. Ова е особено погодно ако сте биле налакирани со црвен лак којшто често остава црвени траги на ноктите.

5

Овесни снегулки против изгореници од сонце

Жените во Бразил често го користат овој трик кога ќе останат подолго на сонце. На газа или памук ставете овесни снегулки и притиснете да добијат форма на вреќичка. Вреќичката ставете ја во када со топла вода и останете во неа 20 минути. Според Бразилките, зрнестата храна делува против воспаленија како што се изгорениците од сонце.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНордиската фолклорна музика
Следна објаваНаправи сам | Футрола за мобилен
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ