Крадачката на книги

Режија: Brian Percival

Сценарио: Michael Petroni

Според новелата на: Marcus Zusak

Продукција: Karen Rosenfelt & Ken Blancato

Режисер на фотографија: Florian Ballhaus

Дизајн на продукција: Simon Elliott

Уредник на филмот: John Wilson

Извршна продукција: Redmond Morris

Музика: John Williams

6

Некои од вас ја имаат прочитано новелата, некои не. Некои го имаат гледано филмот, а некои не. Доколку го немате гледано филмот, ни ја имате прочитано книгата, би Ви препорачале со драго срце тоа да го направите во најбрз можен рок. Оваа приказна е нужно да се запознае веднаш, не за некое неодредено време. Оваа приказна е од оние кои го менуваат животот. Големо предупредување! Врзете ги појасите бидејќи следува едно возбудливо емоционално патување.

Внимавајте, храброст наместо зборови.

Film Review The Book Thief

Филмот ја има достигнато совршено атмосферата во Германија за време на Втората Светска Војна. Како што времето минува, условите се менуваат. Дури и секоја промена на сезона е забалежана прецизно во филмот. Костимографијата, историските настани (како Кристалната ноќ), регрутацијата ја условуваат совршеноста на запазувањето на самите детали.

Почетокот на војната е претставен како момент на слава и надеж за Германците. Децата радосно трчаат по тесните улици и со радост ја носат веста за војната. Во овој момент Смртта вели: “Младите секогаш најмногу и се радуваат на војната. Тргнуваат против непријателот, а секогаш завршуваат во моите раце“.

Последните две години радоста и победите постепено стивнуваат. Ни Германците повеќе не го слават ликот на Фирерот. На секое свирење на сирените, тие се кријат во скривалиштаи чекаат бурата од бомби да помине.

5

Доказ дека фашистичките идеали не биле омилени кај сите Германци е криењето и помогањето на многуте Евреи за време на Втората Светска Војна. Макс е криен од страна на семејството во ладниот подрум каде се разболува, а Елза краде книги од куќа на аристократско семејство кое е во тесни врски со Фашистичката Партија. Таа му ги чита книгите се до неговото целосно оздравување и на некој начин му помага да ја преброди болеста.

Film Review The Book Thief

Како и во секоја војна и во оваа детските соништа брзо умираат, додека нивната храброст расте заедно со нивниот револт поради тоа што не можат да ја разберат суровоста на животните патишта.

9

Смртта е вистинскиот победник на секоја војна!

Секако, прво Ви препорачуваме да ја прочитате книгата.

Уживајте!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБиблиотеките – најголеми светилишта на човештвото
Следна објаваМоќта на имагинацијата | Journey, Aaron Becker
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ