Ништо нема да Ве спречи да бидете креативни толку ефикасно како стравот од правење грешка.“

~ Џон Клиз

Џон Клиз, англиски актер, комичар, писател и филмски продуцент чиј лик ја збогатува забавната страна на живеењето во последниве 79 години; споделува со постоечките креативци и креативците во создавање 5 фактори за креативен живот преку 5 цитати. Во ред, 4 фактори и цитати.

  1. Фактор ПРОСТОР:
    Вие не можете да станете дел од играта, колку и да сте креативни, ако сте под вообичаените притисоци.
  2. Фактор ВРЕМЕ:
    Не е доволно само да создадете простор, мора да го создадете тој простор достапен за определен период на време.
  3. Фактор ВРЕМЕ:
    Давање време на Вашиот ум што е можно подолго, за да продуцира нешто оригинално.
  4. Фактор ДОВЕРБА:
    Видете го цитатот погоре.
  5. Фактор ХУМОР:
    Главното, еволутивно значење на хуморот е тоа што го овозможува премиот од затворен кон отворен режим на живот, побрзо од било што друго.

Затоа, дајте си на себе простор-време-доверба-хумор и пуштете ја креативноста во Вас да дише, нека секој нареден здив Ви биде воздишка од секојдневието, отворање на нов свет чии видици ќе ги создадете сами – чиј израз ќе биде Вашиот печат врз светот. Гледајте ги своите емоции во боја, мислете во движење и слушајте ја мелодијата на Вашата душа.

Креативноста не е хоби, таа е животен стил. Живејте на креативната страна на животот!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМоќта на имагинацијата | Journey, Aaron Becker
Следна објаваРазубавување на просторот | Seth Globepainter
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ