Италија, Италија, Италија…
Земја на слободниот, опуштен начин на живот. Каде се роди ренесансата. Каде цути модата. Каде архитектурата е бесмртна. Каде храната е повеќе од совршена.
Погледнете го видеото кое дефинитивно ќе ви отвори апетит и ќе го разбуди гурманот во Вас. Создадено од theperennialplate.com заедно со intrepidtravel.com/food/ .
Режирано од Daniel Klein и Mirra Fine, додека за музиката (“Pizzica di San Vito”) заслужен е италијанскиот етно бенд, Domo Emigrantes.
Кеативното и со брз ритам видео покажува десет од најдобрите италијански специјалитети и нивната подготовка. Вистинската слика за Италија, без многу филозофирања. И знаете што? Сликата е одлична. ;)