Постои еден тип на луѓе кои со помош на мотивација веднаш ги решаваат проблемите во нивниот живот затоа што едноставно им било потребно некој да им ги отвори очите. Истовремено, постои друг тип на луѓе кои веднаш по гледањето мотивационен документарец може да одат на спиење, без трошка грижа на совест. Но, тука постоите и Вие – како припадник на споменатите типови или како тип сам по себе. Вашиот живот е Ваша приказна, на која мора да ѝ дадете посебен облик, да им се радувате на малите животни благодети и со крената глава да минете низ лошите периоди. За да го постигнете истото, потребно ќе Ви биде да одговорите на следниве 10 прашања…

  1. Дали навистина го правите она што сакате да го правите?
  2. Колку ветувања сте си дале на себеси и колку од нив сте исполниле?
  3. Дали би ги прекршиле правилата поради нешто или некој што Ви значи?
  4. Дали постои нешто од што не можете да се откажете, а знаете дека треба?
  5. Дали се сеќавате кого сте мразеле пред 10 години?
  6. Ако денес е последен ден од Вашиот живот, дали би жалеле за нешто?
  7. Дали се плашите од грешките кои може да ги направите, иако за истите не следува казна?
  8. Која е разликата меѓу Вас и останатите луѓе?
  9. Дали веќе си го имате изградено карактерот?
  10. Ако денес е крајот на светот, што би направиле?

Ако не сте задоволни со одговорите кои искрено сте си ги дале сами на себе, тогаш време е да се препознаете во првиот тип на луѓе и постапно да стигнете до одговорите кои совршено ќе се синхронизираат со Вашиот животен план и тек.

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 италијански специјалитети кои ги обожаваме
Следна објаваКреативни и оригинални фотографии
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ