Подемот и падот, раѓањето и умирањето, митската но истовремено интензивно реална егзистенција на градот Макондо со приближно емотивен акцент на сјајот и бедата на семејството Буендиа сочинуваат маркантно брилијантна хроника за човечкиот вид: воедно комична и трагична. Сите разнообразни варијанти на животот се застапени во овој роман – инвентивност, интересност, магнетност, жалост, точност и хумор.

Уште од 18 годишна возраст, Маркез живее со идејата да го опее сопственото родно огниште, спомените за неговите баба и дедо исткајани во перфекционирана мулти-генерациска приказна за митскиот град и патријархалното семејство во метафоричната Колумбија. Нелинеарната сторија е презентирана во различни временски рамки во магичен реализам, каде тематската суштина е самата новела да се постави себеси како важен претставник на литературната Латинска Америка во зенитот на 60тите и 70тите години на минатиот век, земени во бум кадар.

Тоа беше како Бог да решил да го стави на тест секој капацитет за изненадување и да ги одржува жителите на Макондо во вечна и постојана алтернација помеѓу возбудата и разочарувањето, помеѓу сомнежот и откровенито; до таква крајност што никој не умееше да претпостави до каде се простираат границите на реалноста. Тоа беше една сложена мешавина од вистини и чуда…

Прашањето на инцест, каде преку оправдување на Оригиналниот грев не остава простор да се истата таа негативна сексуална склоност кон своите крвно блиски заврши, без да се дојде со поентиран страв во форма на раѓање на монструозно дете. Од друга страна, доминантна тема е токму самотијата. Самотија поттикната од семејната егоцентричност која е карактеристична за секој член засебно, наместо во форма на алтруизам (кој подоцна нажалост извитоперено еволуира во инцести). Овој егоизам е особено претставен во ликовите на Аурелиано и Ремедиос, но низ страниците на романот се чини како секој карактер да е поштеден од вистинската љубов, но не и од деструктивноста на сопствена штета.

Појавата на љубовта во романот преставува промена во традиционалниот егоизам на Буендиа, кој што повлекува и илустративна поистоветеност со појавата на социјалистичките вредности во Латинска Америка како политичка сила, сила која ќе го спаси Буендиа и целта која тие ја претставуваат.

Чувството на взаемна солидарност која потекнува од радоста да се помогне на другиот е потребна во секоја форма на криза… на крајот од 100те години самотија, Маркез сликовито ни пружа едно предвидување во иднината на својата Колумбија по 1970тите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовети за шминкање на светол тен
Следна објаваМала колиба со спектакуларен поглед
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ