Човечкото око е љубител на убави пејсажи, а природата е уметник кој секојдневно има изложба на своите дела, Ваше е само да уживате во нив. За долготрајно уживање во истите потребно е да ги фотографирате. Не мора да сте професионален фотограф за да направите добра фотографија, едноставно во соработка со природата и неколку совети од нас може да ја овековечите било која глетка која го привлекува Вашето внимание.

Немојте секогаш да се трудите да го исполните кадарот. Понекогаш празниот простор има своја приказна.

Внимавајте на геометријата. Линиите, моделите, формите даваат структура на Вашата фотографија.

Избегнувајте хоризонтот да е на средината. Ако небото е поинтересно ставете го акцентот на него, доколку пак тоа е земјиштето дајте му го поголем простор на него.

Размислете пред да кликнете. Ова е значајно за секоја фотографија. Бидете сигурни дека нема да фатите ништо што е непотребно и што ќе влијае на Вашата фотографија.

Позицијата е многу важна. Понекогаш и неколку сантиметри погоре или подолу се значајни. Позиционирајте го апаратот така што ќе добиете најдобра фотографија.

Внимавајте на светлината.

55

54

53

52

51

50

49

48

47

46

45

44

43

42

Дури и немора да се наоѓате на некое егзотично, познато место, природата секогаш е убава. Пронајдете ја дури и кога сте зад воланот и дајте му вредност на погледот кој го исполнува Вашето око. И несовршеното е совршено ако го погледнете подобро.

25

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Hard to explain“ го отвори 9.Моден викенд Скопје
Следна објаваДуплекс со стаклен под
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ